Што го зголеми индустриското производство во октомври
Пораснало индустриското производство. Ова го покажуваат податоците на ДЗС кои бележат скок октомври годинава споредбено со минатата година од 4,2 отсто.
Ако гледаме по сектори раст е забележан во преработувачката индустрија а падот е регистриран кај „Рударство и вадење камен“ и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“
Од друга страна пак според главните индустриски групи индустриското производство во октомври забележало раст кај Интермедијарни производи а опаѓање има кај секторите Енергија за 8,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,3 проценти.
Слично
