Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ГО ПОТКРЕНА?: Добар раст на индустриското производство

ШТО ГО ПОТКРЕНА?: Добар раст на индустриското производство

Индустриското производство во ноември 2018 година порасна за 4,9 отсто во споредба со истиот месец лани, а на годишно ниво растот изнесува 5,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,2 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 4,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,5 отсто, Капитални производи за 7,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто.


Слично

Поврзани вести