Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што го попречува растот во еврозоната?

Што го попречува растот во еврозоната?

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги рече дека последното гласање во Велика Британија за излез од Европската унија ја „затемнува” среднорочната прогноза за раст во еврозоната. 

Драги ова го изјави во Вашингтон, каде што Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд ги завршуваат сезонските средби, на кои револтот против глобализацијата – карактеризацијата на гласањето за Брекзит во јуни – беа водечка тема.

„Краткорочниот ефект од резултатот од референдумот во Британија е помалку драматичен од очекувањата на луѓето. Да се мисли дека нема да има некакви последици би било  премногу. Но, се разбира, дека тоа е уште едно од оние политички сомнежи кои ја затемнуваат прогнозата за раст”-  вели  тој.

Драги предупреди дека економскиот раст во еврозоната е малку послаб од очекувањата и дека идните перспективи се „резервирани“. 

Вели дека досегашните стимулирачки мерки работат и дека има подобрување на преносниот механизам кој го спроведува банката за монетарната политика кон реалната економија во еврозоната.

Ги повика европските влади да помогнат на тековната политика преку реформирање на нивните економии. 


Слично

Поврзани вести