Што го чека сега убиецот на бугарската новинарка Маринова?
Ќе му се суди на убиецот на бугарската новинарка Викторија Маринова (30).
Властите во Бугарија потврдија дека по нивно барање во Германија е уапсен маж осомничен за силување и убиство на новинарката и дека очекува негово испорачување во земјата.
Северин Красимов (21) е уапсен во вторникот во куќата на својата мајка кај која побегнал по извршеното злосторство.
„Бугарските власти очекуваат Германија да го префрли Красимиров на нивна територија“- изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Красимиров.
Министерот за внатрешни работи вели дека засега нема докаази дека убиството на телевизиската новинарка е поврзано со нејзината работа.
Телото на 30-годишната новинарка е пронајдено во саботата недалеку од Дунав во граскиот парк во нејзиниот роден град Русе. Таа е силувана, брутално претепана и задавена.
Маринова, која има седумгодишна ќерка, била вклучена во истрагата на група бугарски новинари за инфраструктруни проекти кои ги финансира ЕУ, а со кои управувале локалните власти. Нејзината смрт поттикна бес кај многу луѓе во Бугарија.
Европа е засегната од најновиот случај со убиството на новинарката Викторија Маринова.
Меѓународната федерација на новинари е згрозена и шокирана од бруталното убиство. Како што објавија, Маринова е четвртиот новинар убиен во ЕУ од 2017 година – во изминатите 18 месеци беа убиени Ким Вал во Данска, Дафне Каруана Галиција на Малта и Јан Кучијак во Словачка.
фото Днес.бг
