Што ги пишмани акционерите од „Гранит“ па се откажаа од двојната дивиденда?
Ќе остане тајна кои се магичните зборови со кои управниот одбор на „Гранит“ ги премисли двајцата акционерите да се откажат од дивиденда вредна 65.000 евра?
Двајцата акционери на „Гранит“ кои минатиот четврток побараа од менаџментот на компанијата да стави на дневен ред измена на точка за дивиденда се предомислија и го повлекоа предлогот. За потсетување, тие акционери бараа „Гранит“ да исплати 30 денари бруто износ на дивиденда, наместо 17 денари колку што предлагаше Управниот одбор.
Останува да видиме како тоа ќе се одрази деновиве врз пазарната цена на таа ликвидна акција (која е во составот на индексот МБИ-10 н.з.).
Според тоа што го објави „Гранит“ како допис од двајцата акционери кои поседуваат над 10 отсто од акциите на таа компанија тие добиле уверливи аргументи од образложението на менаџерите, доставено до јавноста и достапно на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=55090 со наслов Одговор по предлог одлуки и образло.
Одлуката на двајцата акционери е легална и легитимна иако зачудува тоа што наведува на нивна несериозност и недоследност во постапувањето затоа што се откажаа без борба, особено од аспект на тоа дека вложиле значајни финансиски средства за да стекнат над 10 отсто од акциите на „Гранит“, а промашиле во проекцијата финансиската состојба и го сменија мислењето веднаш по првото образложение на управниот одбор на „Гранит“. Во својот допис не објаснуваат зошто се предомислиле и се откажале од својот предлог.
Како што веќе пишувавме двајцата акционери во нивното образложение повикуваа на, според нив, солидна ликвидна и солвентна позиција на „Гранит“ која произлегува од ликвидни расположливи кеш средства кои друштвото ги располага. Воедно укажуваат и на тоа дека „Гранит“ нема кредити, има солиден износ на акумулирана добивка, а и чува значајни износ на пари во инвестициски фондови вложени во кеш со ниски приноси, а чува средства и во вложувања во акции (се мисли на стекот на „Гранит“ во акции на „Комерцијална банка“ н.з).
