ШТО ГИ БРКА МЛАДИТЕ НАДВОР: Погрешни политики ќе ја направат Македонија земја без перспектива!
Перспективите за младите во земјава се далеку под нивото на било која западно европска држава поради високата стапка на невработеност и стапката на сиромаштија -велат организациите кои се занимаваат со оваа проблематика. Наспроти ненаучните тврдења на некои професор, како Татјана Каракамишева, која за свои, веројатно политички потреби се обиде да манипулира со една смешна теза дека младите заминуваат од Македонија поради недостиг на љубов?!, од организациите велат дека долгото чекање за работно место, образование кое не кореспондира со потребите на пазарот на труд како и политиките кои се концентрираат најчесто кон странски инвестиции кои значат работа во погон со ниски плати, ја прават ситуацијата уште поалармантна. Усовршувањето и желбата за поквалитетен живот младите ја ставаат на врвот од приоритетите па затоа лесно одлучуваат да заминат надвор.
Блажен Малески е апсолвент на Правниот Факултет на отсекот политички студии при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. Вели една година ги ставил во мирување студиите за да се посвети на волонтирањето во европски проекти финансиски поддржани со средства од Ерасмус+ програмата за размена на млади луѓе преку младинска организација во Потсдам, Германија. Искуството како што вели неможе едноставно да се опише со зборови бидејќи можностите и перспективите на младите луѓе надвор, се далеку од оние кои ги добиваат во земјава. Условите за студирање со поголем акцент на практичната настава вели Малевски за него биле ново искуство кое му отворило нови видици за продолжување на студиите на Универзитетот во Потсдам, на катедрата за политички науки, јавна администрација и организации.
“Она што ме фасцинираше е практичниот дел на предметите и условите во кои што студиират студентите. Мене лично, во досегашното образование, често ми фалеше практичниот дел, каде што студентите би ги анализирале денешните социо-политички појави. Мислам дека и токму тоа е најголемата причина зашто ја менувам образовната средина - поголема експертиза во тема социо-политички анализи и јавни политики што за жал во Македонија ја има само на магистерски студии. Кога се работи за условите за студирање нормално дека има големи разлики. Читални и библиотеки специјализирани за самиот смер кои што работат 6 дена во неделата до 24 часот, пристап до интернет архиви на политички списанија, студентски домови кои што се современи и прилагодени за сите студенти и најважно услови каде што не морате да се грижите за притисоци доколку публикувате пишан збор или истражувате одредена тема. На крајот на денот и финасиските услови играат улога”-раскажува Малески.
[caption id="attachment_196989" align="alignright" width="488"]
Ние за жал сме во категорија каде младите заминуваат и не се враќаат повеќе. Нормално дека не сме единствена таква земја. Во слична ситуација се наоѓаат земјите од регионот[/caption]
Дополнително според него младите добиваат можност за вработување со кое ќе можат лесно да ги покријат трошоците и да си обезбедат сигурен престој.
“Во Германија студирањето е без надоместоци, па така само плаќате такси и изработка на студентска картичка со која што можете да патувате во радиус од 300 километри и важи за сите јавни транспорти. Тоа изнесува околу 200 евра за семестар, што е исто толку колку што изнесува студирањето во Македонија доколку сте државна квота. Престој во студентски дом е 160 евра месечно, па така и со максималните дозволени 15 саати работа во неделата за студентите со студентска виза, лесно се покриваат трошоците”-додава Малевски.
Тој е член на неформалната организација Студентски пленум која како што вели се бори за подобро и поквалитетно образование. Проблемот во високото образование според Малевски се честите измени на Законите за високо образование кои се менуваат на многу кратки временски интервали. Дополнително, борбата преку „институционалните“ канали вели не само што е со пречки, туку е буквално бетонирана од разни партиски интереси и непотизам бидејќи оние студенти што имаат идеи за унапредување на квалитетот на образованието на крајот се задушени, а оние што седат како претставници на студентите “клатат глави” и гласаат по партиски наредби.
“Не можеме вистински да процениме што функционирало, а што не и каде лежат вистинските проблеми. Во суштина политичките елити мора да си бидат на чисто дека образовни политики не смеат да бидат краткорочни и апсолутно мора да бидат базирани на докази и темелни истражувања. Се друго значи само влошување на ситуацијата и губење на време и генерации. Она што е исто толку важно е вклучување на студентите во процесот. Политичките елити како да се навикнаа дека студентското огранизирање ќе им биде вечен пријател што ќе премолчува секакви бесмислени предлози. Тука особено игра улога Студентскиот парламент кој секогаш на оној или овој начин успевал да биде грабнат од партиите на власт. Сметам дека е голем проблем што сите универзитети го признаваат само Студентскиот парламент како легитимен претставник на студентите и само ним им ја даваат можноста да учествуваат во работата на универзитетите. Тоа е многу важна тема со оглед на тоа како се организираат избори на универзитетите и без никаква финасиска отчетност на самите парламенти”- објаснува студентот Малевски.
Економските фактори се најчестите кои ги тераат младите надвор
Понудата на работна сила кај нас велат е нетранспарентна, на сличен начин се добива работно место, недовербата и несигурноста кон институциите дополнително ги мотивираат младите да заминат во потрага по подобра иднина. Мобилноста на млади луѓе е единствената позитивна карактеристика која игра важна улога во стекнувањето на нови животни вештини. Затоа и самата Европска Комисија вложува огромни средства за да им понуди можност на младите да се надоградат себе си, а со тоа да помогнат во сопствената држава. Но според Малевски мобилноста кај нас се претвора во масовно иселување.
“Ние за жал сме во категорија каде младите заминуваат и не се враќаат повеќе. Нормално дека не сме единствена таква земја. Во слична ситуација се наоѓаат земјите од регионот, па и една Јужна Кореја чии што стручни кадри заминуваат во Јапонија и Соединетите Американски Држави. Во суштина треба темелно да истражат колку од своите граѓани живеат во странство и каков е нивниот профил. За жал Македонија потфрлува и во двете работи. Ниту знаеме колку наши граѓани живеат надвор, а пак уште помалку знаеме каков е нивниот профил. Проблемот го гледам во тоа што институциите не нудат решенија за лесно регистрирање на оние кои што си заминуваат или одјавуваат од државата. Бирократскиот напор за пријавување и одјавување е толку голем што најчесто луѓето и комплетно го игнорираат. Јас лично сметам дека доколку институциите го олеснат тој процес, ние многу лесно би можеле да дојдеме до релевантни бројки”-потенцира Малески.
Доколку сакаме вистински и долготрајни решенија како што вели прво мора да видиме колку луѓе всушност се иселиле од оваа држава и каде се тие, што прават и каков е нивниот профил. Засега смета дека уште не можеме да зборуваме за решенија бидејќи секое решение кое што не се базира на точни податоци и темелни анализи нема да промени ништо бидејќи пред се се потребни базичните податоци за да се премине кон долготрајни решенија и стратегии кои што би ги задржале младите луѓе.
“Додека престојував во Германија првото нешто што морав да го направам е да се пријавам во општината каде што престојував. Тие ми ги заведоа податоците во компјутерски систем и ми посакаа добредојде а целата работа за закажување термин не траеше повеќе од 10 минути. Еден и пол месец пред истекување на мојата виза тие ми пратија писмо во кое што ми велат „дека во нашиот систем е заведено дека за помалку од 2 месеци Ви истекува визата, па затоа би Ве замолиле или да се одјавите по пошта или да закажете нов термин да Ве заведеме уште еднаш, со вашиот нов статус“. Значи системот е направен да биде толку лесен и едноставен што дури и би Ви било потешко да не се пријавите или одјавите”-објаснува студентот.
Оттука според Малески одлуката за негово заминување е логичен чекор, а за враќање вели ќе мора двапати да размисли.
С.Б.

Слично