Што ЕУ му наложи на Косово за Заедницата на српски општини?
Европската унија денеска ја поздрави најавата на косовскиот претседател, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај кои ја активирале раководната група која ќе работи на подготовка на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).
Од ЕУ порачаа дека Приштина има рок за тој процес од четири месеци.
„Најавата дека и е даден мандат на раководната група да го изработи предлог-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово е добредојдена. Изработката на предлог-стаутот почна и треба да заврши во временска ранка од четири месеци“- стои во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Се наведува дека овој „долгочекуван чекор“ овозможува почеток на импелентацијата на договорот за Заедницата на српски општини, што е обврска која Косово ја презеде во рамки на дијалогот Белград-Приштина во кој посредува ЕУ и која произлегува од спогодбите од Брисел од април 2013 и август 2015 година.
„ЕУ ќе ги повика главните преговарачи на Белград и Приштина, нивните тимови, како и раководната група и техничките експерти на разговори во Брисел, со цел конструктивно и во знак на добра волја да се ангажираат во процесот на изработка на предлогот“- се додава во соопштението.
Во исто време, директорката за Западен Балкан и Турција во Европската служба за надворешни работи, Ангелина Ајхорст, која се наоѓа во посета на Приштина, порача дека Косово мора да го спроведе договорот за ЗСО беа „поголемо доцнење“. Се додава дека ова мора да биде решено со мир и дијалог.
Портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич во вторникот порача дека главен приоритет за Косово „е да дејствува во согласност со договорот“ за воспоставување на Заедницата на српски општини.
Српската листа, кон крајот на март најави дека ако до 20 април Приштина не ја воспостави ЗСО, тогаш претставниците на 10-те косовски општини со мнозинско српско население самостојно ќе ја формираат Заедницата. Ваквата одлука на Српската листа беше поддржана и од властите во Белград.
Харадинај го критикуваше Брисел дека е незадоволен од начинот на кој тие ја вршат улогата на медијатор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Харадинај истакна дека, ако Европската Унија нема капацитет да му помогне на Косово, тогаш треба да побара помош од други, пренесуваат српските медиуми.
„Ако немате капацитети, побарајте помош. Ако не сакате да побарате помош, тогаш информирајте нѐ и ние ќе си тргнеме по својот пат, исто како во минатото и ќе си ја сработиме својата работа“, кажа Харадинај, а пренесува приштински Газета експрес.
Според него, на северот имало нелегални нешта, но ЕУ не реагирала до Белград.