Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што е социјално претприемништво? Министерот Спасов верува дека имаме услови за негов развој

Што е социјално претприемништво? Министерот Спасов верува дека имаме услови за негов развој
Претпријатија кои работат по бизнис-модел и остваруваат економска активност, но со социјална цел - ова се таканаречените социјални претпријатија, кои се релативно нов поеим во Македонија. „Добивката на ова претпријатие не се наменува за профит односно за добивка на сопственикот, туку во основа се враќа назад во социјалното претпријатие каде што најчесто се вработени претставници на маргинализирани групи, невработени, млади, лица со хендикеп, со некаков тежок социјален статус. Најчесто се работи за лица коишто работодавачите не ги препознаваат на пазарот, односно не ги вработуваат, како што се да речеме поранешни штитеници во КП-домови или, пак, поранешни криминалци, луѓе кои злоупотребувале алкохол, дроги“, појаснува Зоран Стојковски, извршен директор на Центарот за институционален развој (ЦИРА). Во земјите од Европската унија, од седум до 10 проценти од вработените се вработени во социјални претпријатија, а најинтересен е примерот со Велика Британија каде има над 70.000 социјални претпријатија. И во Македонија има услови за развој на овој тип на претприемништво, смета министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Социјалното претприемништво во Република Македонија може да функционира како концепт кој ги обединува желбите за решавање на социјалните проблеми“, рече Спасов. Министерството, во соработка со ЦИРА, подготвува и закон за социјално претприемништво, со кој Македонија треба да ги прифати европските правила за регулирање на оваа област.
Слично

Поврзани вести