Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО Е СО ПЛАТИТЕ ВО ЕУ? Еве што покажуваат анализите

ШТО Е СО ПЛАТИТЕ ВО ЕУ? Еве што покажуваат анализите

Платите во еврозоната се зголемија за 4,4 отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година, забавувајќи се од растот од 4,9 отсто во вториот квартал, објави денеска Евростат.

Вкупните трошоци за работна сила на час во еврозоната, вклучувајќи ги компонентите што не се на платите, се зголемија за 4,6 отсто на годишно ниво во третиот квартал, се додава во соопштението.

Гледано во секторите, платите во индустријата се зголемени за 4,4 отсто на годишно ниво, во градежништвото за 4,6 отсто, а во услугите за 4,3 отсто, но во сите горенаведени случаи годишниот раст е побавен во однос на вториот квартал.

Платите во Германија се зголемија за четири отсто на годишно ниво, забавувајќи се од 5,7 отсто во вториот квартал, како и приходите во Франција, за 2,7 отсто во споредба со 3,3 отсто во претходниот квартал.

За разлика од нив, побрз раст на платите е регистриран во Шпанија и Италија.

Платите во Шпанија се зголемија за 4,7 отсто на годишно ниво во третиот квартал, забрзувајќи од 3,9 отсто во вториот квартал, а заработката во Италија порасна за 5,2 отсто во споредба со 4,2 отсто во вториот квартал.

b92

Слично

Поврзани вести