ШТО Е ПРИЧИНАТА: Средната класа во светот исчезнува, богатите се побогати!
Околу 14% од населението ја формира средната класа на планетата, покажуваат податоците од извештајот на центарот за анализи на швајцарската банка Credit Suisse.
Според информациите, средната класа продолжува да се намалува, додека бројот на супербогатите се зголемува. Така светската нееднаквост расте, а половина од светското богатство е во рацете на 1% од населението. Листата е изготвена врз база на средствата чувани од луѓето, меѓу кои недвижности и инвестиции на берзите.
Податоците покажуваат дека околу 3.4 милијарди луѓе на планетата (70% од населението) имаат сопственост за помалку од 10 000 долари. Уште една милијарда имаат од 10 000 до 100 000 долари. Само 383 милиони луѓе имаат повеќе од 100 000 долари, а од нив 34 милиони луѓе се милионери со долари. Речиси 124 000 од жителите на планетата имаат над 50 милиони долари, а 45 000 луѓе можат да се пофалат со богатство од над 100 милиони долари.
Друга анализа, направена во САД, покажува дека богатите луѓе живеат подолго од сиромашните луѓе. На пример, жителите на сиромашниот њујоршки кварт "Бруклин" живеат во просек 11 години помалку од богаташите на Волстрит. Бруклин е еден од 5-те реони на Њујорк, а најсиромашната населба во него е Браунсвил. Барем 76% од жителите таму се афроамериканци, а просечниот животен век е 74.1 години. Во исто време жителите на Менхетен околу Волстрит живеат во просек до 85.4 години - со цели 11 години повеќе.
"Сиромашните жители почесто умираат од срцеви заболувања и рак, како во неколку случаи тоа се случува во млада возраст. Се разбира, во Браунсвил и криминалот е поголем што станува причина за смртта на неколку млади луѓе", коментира Мари Басет од здравствениот департментот на Њујорк.
Кина ги надмина САД по количество на милијардери во долари, покажува истражувањето на кинеското бизнис издание "Хужун". Оваа година нивниот број е зголемен од 242 до 596. Во САД милијардери се 537, тврди весникот. Најбогатиот жител на Кина е претседателот на компанијата Wanda - Ван Цзјанлин. 61-годишниот бизнисмен и неговото семејство поседуваат 220 милијарди јуани ($ 34.4 милијарди.). Неговата компанија се занимава со изградба и експлоатација на туристички и рекреативни објекти, како и на трговски центри не само во Кина, но и во други земји. Втор е Ма Јун, основачот на компанијата за интернет трговија Alibaba, со 145 милијарди јуани (22,7 милијарди долари).
