Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО Е ПРИЧИНАТА: Мајкрософт му стави клуч на Линкедин во Кина

ШТО Е ПРИЧИНАТА: Мајкрософт му стави клуч на Линкедин во Кина

Наместо тоа, американскиот технолошки гигант ќе отвори веб -страница во Кина

Мајкрософт објави дека ќе ја затвори локалната верзија на LinkedIn во Кина, која е последната голема американска социјална мрежа што продолжи да работи во таа земја.

Во соопштението на Мајкрософт се наведува дека LinkedIn ќе биде затворен поради „значително потешко деловно опкружување и зголемени барања за усогласеност со новите прописи во Кина“, пренесува CNBC.

Наместо тоа, американскиот технолошки гигант ќе отвори веб -страница за барање работа во Кина, која нема функција за социјално вмрежување на LinkedIn.

LinkedIn беше лансиран во Кина во 2014 година со ограничени карактеристики дизајнирани да се усогласат со построгите закони за интернет во земјата.

Одлуката за затворање на оваа мрежа беше донесена откако кинескиот регулатор за интернет нареди во март LinkedIn подобро да ја ублажи својата содржина, за што на компанијата и беше даден рок од 30 дена, објави Волстрит Журнал, повикувајќи се на извори запознаени со оваа работа.

Новата платформа на Мајкрософт во Кина, наречена „InJobs“, нема да вклучува социјални содржини ниту ќе им дозволи на корисниците да споделуваат објави или статии.

Според порталот Статистика, Кина е трет по големина пазар на американската компанија. Извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела рече дека придонесот на „LinkedIn “ во годишниот приход на компанијата во јули изнесувал околу 10 милијарди долари.

Мајкрософт го купи LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести