Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што е она што ја обележа оваа година на полето на дигиталниот маркетинг?

Што е она што ја обележа оваа година на полето на дигиталниот маркетинг?

Како и секоја дејност и нашата дејност не беше имуна на надворешните случувања, кои немаа многу допирни точки со маркетингот – пред сè поскапувањето на цените имаше влијание на клиентите да ги редуцираат своите инвестирања во маркетинг, но исто така и агенциите мораа да ги направат корекциите на цените на своите услуги, а да тоа зголемување не ги оптерети клиентите, а од друга страна да се одржи не само профитабилноста, туку и ликвидноста на работењето. 

Во однос на трендовите во дигиталниот маркетинг, оваа година е дефинитивно победа на Инстаграм и ТикТок, кои се покажаа како водечки мрежи на глобално ниво. Фејсбук е сѐ уште актуелен, особено кај повозрасната популација и не треба да се запостави, но она што е „must have“ за секоја компанија се Инстаграм и ТикТок профили.

Кај втората социјална мрежа, ТикТок, компаниите се сѐ уште резервирани, исто како и пред 15 години кога стануваше збор за Фејсбук.

Исто така, не треба да ги занемариме ни инфлуенсерите, коишто станаа незаобиколен дел на секоја дигитална маркетинг кампања. Она што важеше порано и остана и сега како правило е дека во изборот на инфлуенсери, треба да се внимава да се избере инфлуенсер којшто е релевантен за брендот – да ги поседува истите вредности и истиот начин на комуникација.

Забележавме дека повеќе го фаворизирате, поточно го нагласувате ТикТок за разлика од Инстаграм? Повеќе го користите или станува збор за нешто друго?

Дефинитивно станува збор за нешто друго....Имено иако имам профил на ТикТок многу ретко го користам. Ако направам споредба, најмногу го користам Инстаграм, особено неговиот сервис Reels. ТикТок мене лично не ми е прв избор, можеби поради возраста ха ха ха, но постојат многу релативни податоци кој што се во полза, поточно одат во прилог на маркетингот.

Имено, ако направиме споредба на органска видливост на истото кратко видео што ќе го објавиме на ТикТок и на Инстаграм, податоците велат дека истото видео на ТикТок ќе има за околу 30%-50% поголема видливост за разлика од Инстаграм.

ТикТок е денес она што Фејсбук беше на својот почеток. Она што е предизвик на ова мрежа е користење на кратки видеа како начин на комуникација. А предизвикот е во тоа да се креира соодветно видео кое ќе генерира голема видливост. На ова мрежа не „палат“ високобуџетни видеа, напротив, функционираат видеа кои што некој би ги нарекол аматерски.

Но, тоа не значи дека треба да снимиме било какво видео. Тука е уште еден предизвик – да се смисли видео кое е според вредностите на брендот и кое е во исто време прифатливо за ТикТок заедницата и алгоритмот на ова мрежа.

Дали македонските компании се одлучуваат за промовирање на ТикТок?

За жал не толку. Постојат срамежливи обиди, најмногу во соработка со инфлуенсерите коишто се на оваа мрежа. Како што спомнав, ситуацијата со ТикТок е слична како пред 15 години која Фејсбук беше актуелен и во подем.

Многу мал број на компании се осмелуваат да се промовираат на ова мрежа. Изговорите беа исти и тогаш и денес – на овие мрежи се деца, тинејџери, бадијалџии... Но, денес тие деца и тинејџери имаат 30+ години. Замислете тогаш да им направевте кампања и да ги придобиевте како купувачи.

Нè потсетивте на почетоците на Фејсбук, а Нова Солутионс баш тогаш го започна своето патување. Какви беа почетоците на компанијата и со кои предизвици се соочувавте?

Да, баш така – кога Фејсбук почна да стекнува масовен број на корисници не само во Македонија туку и на глобален ниво, Нова Солутионс го започна своето патување.

Во 2007 година, Игор Мишевски со својата сопруга Гордана, ја создаде Нова Солутионс, со цел на компаниите да им понуди можности кои што ги нуди дигиталниот маркетинг. На почеток, првите клиенти ни беа организации на коишто им одржувавме веб страници, да дизајнираме пропагандни материјали, а во 2010 година заедно со Битолската млекара ја започнавме првата организирана маркетинг кампања на социјалните мрежи – Фејсбук и Твитер.

Како и секоја компанија на својот почеток и нашата компанија се соочуваше со класичните предизвици на секој почетен бизнис, а тоа е како да стигнеме до првите клиенти. Нашиот предизвик беше уште поголем – како да добиеш први клиенти за услуга која по првпат ја нудиш на пазарот.

Која е Нова Солутионс денес?

Денес после првите 15 години можеме да се пофалиме дека покрај организирање на кампањи на социјални мрежи, која ние е основна услуга, нудиме и услуга на брендирање, видео продукција и изработка на веб страни.

Денес Нова Солутионс е компанија со 6 вработени и се трудиме да ја одржиме нашата визија – да даваме креативни решенија од областа на дигиталниот маркетинг. Горди сме што во нашето портфолио на клиенти имаме клиенти со кои соработуваме повеќе од 10 години.

Слично

Поврзани вести