Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што е најдено во куќата на убиецот Вук Бориловиќ во Цетиње?

Што е најдено во куќата на убиецот Вук Бориловиќ во Цетиње?

Полицијата во куќата на Вук Бориловиќ, човекот кој во петокот изврши маскар во црногорскиот град Цетиње најде над 4.000 евра и куршуми.  Имало осум куршуми за ловечка пушка и 4.200 евра.

Полициската управа во Црна Гора објави дека куќата на убиецот е претресена, а притоа не се пронајдени камери во неговиот дом, но сепак од неколку други локации полицијата земала снимки кои може да дадат повеќе информации за инцидентот. Бориловиќ уби 10 луѓе, а повреди уште шест пред да го застрелаат во Цетиње. 

Масакрот во Цетиње,  уште еднаш го отвори прашањето за достапноста на огненото оружје на Балканот, каде 90 отсто од целото оружје е во рацете на граѓаните.

Се проценува дека граѓаните во регионот имаат девет пати повеќе оружје од армијата и полицијата, а во однос на количината на оружје по глава на жител. На листата водат Србија и Црна Гора, покажува глобалната Анкета за лесно оружје (Small Arms Survey) од 2018 година.

Се проценува дека има 30 парчиња оружје на 100 жители, додека во Србија и во Црна Гора има 40 парчиња лесно оружје на 100 жители.

Слично

Поврзани вести