Што доведе до намалување на цената на кафето?
Се намалија цените на кафето.
Цените на кафето во април на светските стокови берзи достигнаа најниско ниво за последниве 18 месеци, потврди Извештајот за пазарот на кафе на ICO.
Има намалување од 2,7 отсто во однос на март 2026 година и повеќе од една петтина пониско (-20,7 отсто) во однос на април 2025 година. Најзначајниот пад е забележан кај типот Робуста, кој падна за 7,1 отсто во споредба со претходниот месец, достигнувајќи го најниското ниво од февруари 2024 година.
Фјучерсите за кафе Арабика се тргуваат на најниско ниво од есента 2024 година, бидејќи пазарот сè повеќе се фокусира на тековната жетва во Бразил и изгледите за зголемување на понудата од најголемиот светски производител на кафе. Ecom Group, еден од најголемите светски трговци со кафе, сигнализираше дека овогодинешната жетва би можела да достигне рекордно високо ниво.
Цените на Арабика веќе паднаа за повеќе од 20 отсто оваа година, главно поради подобрувањето на очекувањата за бразилското производство.Претходните години цените на кафето се зголемуваа поради пандемијата, прекини во транспортот, мразеви во Бразил и слично.
