Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ДОНЕСЕ УВОЗОТ: Кои возила се најзастапени на македонскиот пазар?

ШТО ДОНЕСЕ УВОЗОТ: Кои возила се најзастапени на македонскиот пазар?
Во Македонија до 29-ти септември годинава биле регистрирани вкупно 299.394 возила. Од нив вкупениот број на прворегистрирани возила изнесува  29.874, а додека вкупен број на возила со продолжена регистрација изнесува – 269.520. Спорeд подтаоците на Фактор, лани во земјава биле регистрирани вкупно 411.611 возила. Продажбата на автомобили годинава е намалена во споредба со лани, покажуваат официјалните статистички податоци на Царинската управа. Од почетокот на годинава па се до крајот на септември биле увезени вкупно 19. 444 употребувани патнички автомобили. Тоа е за 2.589 автомобили помалку од лани во истиот период, кога биле увезени 22.033 употребувани патнички автомобили. Во истовреме, односно од почетокот на годинава па се до крајот на септември граѓаните на Македонија купиле само 2.279 нови патнички автомобили, што е за 177 автомобили помалку од лани, кога во истиот период кога биле купени 2.456 нови автомобили. Во истиот временски период увезени се 127 стари автобуси и пет нови, како и 873 стари, односно употребувани товарни моторни возила и 857 нови товарни моторни возила. Какви автомобили се увезуваа изминатите четири години во земјава? И додека на терен продажбата на автомобили се намалува, владата се обидува како да се справи со загадениот воздух во земјава, а за што се смета дека една од клучните причини се токму старите автомобили. Нивниот повластен увоз беше дозволен од март 2010 година. Од тогаш па до крајот на септември во земјава се увезени – 162.958 половни автомобили. „Загадувањето што го прават автомобилите со Еуро 1 и Еуро 2 во споредба со автомобилите со Еуро 3 и Еуро 4 стандард е неколкукратно поголемо.Односно, возилата со Еуро 1 стандард имаат емисија на јаглероден моноксид од 2,72 (g/km), јаглеводородни и азотни оксиди 0,97(g/km) и тврди честички 0,14 (g/km), додека пак возилата со Еуро 4 стандард имаат емисија на јаглероден моноксид од 0,50 (g/km), јаглеводородни и азотни оксиди 0,30 (g/km) и тврди честички 0,025 (g/km), објаснуваат надлежните. Возила со Еуро 1 стандард – 32.292 Мерката што Владата ја донесе за увоз на половни патнички автомобили со стандард Еуро 1, а која важеше шест  месеци, односно од 05 февруари до 05 јули 2010 година, имаше за цел да се  заменат возилата без ЕУР стандард со основниот европски пропишан стандард ЕУР 1. Во овој период од 6 месеци увезени се 32.292 употребувани возила со стандард Еуро 1, кој пак ги замени возилата (југо, фичо, застава, лада, варбург) произведени во 70-80-те години, објаснуваат за Фактор од министерството за економија. Возила со Еуро 2 стандард – 51.651 Потоа, половни патнички возила со стандард Еуро 2 отпочнаа да се увезуваат од 05 јули 2010 година и важи до 31 декември 2014 година. До крајот на септември од вкупниот број на увезени возила, од страна на техничките служби извршена е хомологација (одобрување) на 51.651 употребувани возила со стандард Еуро 2. Возила со Еуро 3 стандрад-32.003 Половни возила со стандард Еуро 3 може да се увезуваат и во времето кога важеше минималниот стандард ЕУР1, без ограничувања и пред донесувањето на  Правилникот за единечно одобрување на возило, а рокот до кога ќе важи овој стандард  е до 30 јуни 2016 година. Во периодот  од февруари 2010 година до крајот на септември годинава од вкупниот број на увезени возила, од страна на техничките служби извршена е хомологација (одобрување) на 32.003 употребувани возила со стандард Еуро 3 . Возила со Еуро 4 стандард – 5.622 За возилата кои го исполнуваат стандардот Еуро 4, засега нема предвидено временско ограничување за увоз, со оглед дека кога ќе заврши рокот за увоз на возила со ЕУР 3 стандард односно по 30 јуни 2016 година, основниот стандард за увоз на половни возила ќе биде ЕУР 4. Тоа значи дека не ќе може да се увезе употребувано возило со стандар кој е понизок од Еуро4. Во периодот  од февруари 2010 година до крајот на септември од вкупниот број на увезени возила, од страна на техничките служби извршена е хомологација (одобрување) на само 5.622 употребувани возила со стандард Еуро 4. Возила со Еуро 5 и Еуро 6 стандард – 2.344 Возилата од категорија М1 (лесни половни патнички возила) со стандард Еуро 5 и Еуро 6, се увезуваат без ограничувања. Од оваа категорија на возила во изминатите 5 години увезени, односно од страна на техничките служби хомологирани (одобрени) се 2.344 возила. Ќе се забрани ли регистрација на возила без Еуростандард и со Еуро 1 стандард? Сега владата размислува која опција да ја одбере, односно дали да се забрани регистарцијата на возилата со Еуро 0 и Еуро 1 стандард, да се абрани нивното движење во строгот центар на градот или пак опцијата да се задолжат сопствениците на возилата да мора да постават катализатори на автомобилите. Сепак, министерот за економија Беким Незири вели оти очекува во следните неколку години  години во земјава да нема ограничувања за користење старите возила кои не ги исполнуваат еколошките стандарди или да се забрани нивно регистрирање. „ Како ресорен министер дадов негативно мислење за ова барање и реков дека ќе направам детална анализа. Сметам дека таквата мерка ќе има големи негативни ефекти врз економијата, а со неа ќе бидат засегнати и граѓаните. Се работи за голема бројка од 100 до 150 илјади возила и мислам дека ќе претставува радикална мерка ограничувањето на нивното движење или, пак, оневозможувањето да се регистрираат. Сметам дека такво нешто нема да се случи во наредниве неколку години, изјави министерот Незири. При тоа Незири потенцираше дека за две недели треба да ја информира Владата за тоа какви би биле позитивните и негативните мерки од воведувањето на една таква мерка.Незирио, посочи дека според податоците кои ги има од службите, тој како министер, но и Министерството за економија нема да поддржи таква мерка. И при тоа посочи дека оти се надева дека Владата ќе има слух ќе ја прифати анализата на министерството за економија. Инаку, комитетот за заштита на животната средина пред извесно време на седница на Владата побара да се разгледа опцијата со која ќе се забрани регистрацијата на старите возила, за почеток со ЕУРО 0, а подоцна и со ЕУРО 1 стандард, или да биде редуцирано нивното движење во главниот град поради нивното партиципирање во загадувањето на градот. Каков воздух дишеме? Во делово од главниот град, но и низ одредени градови во државата вчера конецнтарциите на ПМ 10 честичките беа на високо ниво. Тоа го покажуваа мерните станици. Каква беше состојбата со воздухот изминатите денови, и каква е состојбата денеска може да проверите на следниот линк. http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=2
Слично

Поврзани вести