Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што договорија Косово и Македонија: Кога ќе се тргнат забраните за увозот?

Што договорија Косово и Македонија: Кога ќе се тргнат забраните за увозот?

Македонија очекува Косово да ги укине забраните за увоз на компири и мед до крајот на неделава.

Имено, до тогаш и косовската  Агенција за храна и ветеринарство треба да достави и дополнителни гаранции и извештај со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување од Косово.

Бектеши на средбата со косовскиот министер Ендрид Шала посочи дека повторно ќе се овозможи увоз на икра и материјал за порибување од Косово тогаш кога ќе се достави целосната документација од Косово.

Бектеши кажа дека Косово ги прифатило аргументите на Македонија а кога ќе се утврди дека косовските институции работат согласно програмата  за мониторинг бариерите тогаш ќе бидат повлечени.

Министерот убедува дека Владата ќе направи се за да се отворат нови пазар на соработка но и да се заштитат граѓаните со поголема контрола на производите кои влегуваат во земјава како увоз.


Слично

Поврзани вести