ШТО ДОГОВОРИЈА: Чавушоглу и Кери разговараа за екстрадиција на Ѓулен
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и државниот секретар на САД Џон Кери разговараа за прашањето за екстрадиција од САД на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.
Двајцата државници разговарале по телефон ЗА серија прашања, меѓу кои и она за испораката на Фетхулах Ѓулен на барање на турската влада, пренесува агенцијата Reuters.
Исламскиот проповедник беше обвинет од Анкара за организирањето на државниот удар од 15 јули. Според анонимен извор од турското Министерство за надворешни работи тие разговарале за ситуацијата во Сирија, вклучувајќи ја и таа во градот Алепо, каде продолжуваат борбите меѓу владините сили и џихадистите.
Исто така зборувале за ослободување на град Манбидж од кој терористичката група "Исламска држава" беше прогонета по неколку недели операција на сириските сили, во основата на кои се локалните курдски формации.
