Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ДАДЕ ЗА ВОЗВРАТ: Грција доби нов пакет помош од 10,3 милијарди евра

ШТО ДАДЕ ЗА ВОЗВРАТ: Грција доби нов пакет помош од 10,3 милијарди евра

Буџетската комисија на Бундестагот гласаше за поддршка за исплатата на следната транша од спасувачката програма за Грција, обезбедена од Европскиот стабилизационен механизам (фондот ЕСМ), изјавија германски пратеници.

„Буџетската комисија на германскиот парламент немала приговор за одмрзнувањето на кредит во износ од 10,3 милијарди евра за Атина“, посочи буџетскиот експерт од десницата Екхард Рехберг, а таа одлука беше потврдена и од други германски пратеници, информира Ројтерс.

Во минатата недела грчките парламентарци го одобрија последниот пакет вонредни мерки кои ги бараа меѓународните кредитори, отворајќи го на тој начин патот кон успешно завршување на прегледот на имплементација на трета спасувачка програма.

Тоа значи дека од една страна, властите во Атина ќе ја добијат наскоро следната транша од помошта, а од друга страна, дека грчките банки најверојатно ќе можат да се вратат кон програмите на ЕЦБ за поевтино рефинансирање.

Во меѓувреме десетици демонстранти го блокираа влезот на Агенцијата за приватизација во центарот на Атина.

Тие планираат нови протести во текот на денот против продажбата на двете најголеми пристаништа во земјата.

Грција се согласи да продаде 67% од акциите на пристаништето во Пиреја за 368,5 милиони евра. Атина, исто така, планира да го продаде поголемиот дел од акциите во второто најголемо пристаниште во северниот грчки град Солун подоцна оваа година. Околу 80 државни службеници и членови на поврзани групи со комунистите протестираа рано утринава пред седиштето на агенцијата за приватизација, која раководи со продажбата. 1100 лица се вработени во пристаништето во Пиреја, а на тоа во Солун работат околу 400.

Слично

Поврзани вести