Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што би можело да биде причина за уривањето на авионот?

Што би можело да биде причина за уривањето на авионот?

Рано е да се каже кои се можните причини за уривањето на авионот кај селото Кожле каде вчера попладне загинаа шест лица, смета  Кирил Каевски, пилот во пензија.

Вели дека причината поради која имало барање авионот да слета на скопскиот аеродром е горивото кое е октански дериват кој го користат малите авиони и кој го има на малку аеродроми во Европа. Каевски објаснува дека најчести причини за уривање на малите авиони се лоши временски услови, но наведува дека и обуката на пилотите е многу важна и не треба да се занемари.

„Ако пилотот бил добро обучен, искусен и ги почитувал прописите, несреќата не би требало да се случи“ - рече Каевски.

„Пајпер“ е спортскиот авион кој нема црна кутија. Колку гориво имал авионот може да се утврди затоа што во Тревизо треба да има евиденција за тоа.

Авионот го управувал Франческо Монтањер кој важи за искусен пилот и е претседател на аеро клубот „Тревизо“. Во несреќата загинаа шест лица, четири мажи и една жена. Се работи за италијански и косовски државјани. Тие патувале од Тревизо, Италија кон Приштина во Косово.

Слично

Поврзани вести