Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што би добиле од формирање на Царинска унија на Западен Балкан?

Што би добиле од формирање на Царинска унија на Западен Балкан?

Формирањето на Царинска унија на Западен Балкан ќе доведе до повеќе инвестиции, поголем раст и отворање на 80.000 работни места во регионот. 

Ова може да помогне и за единствен пазар на работна сила и непречена размена на работници. 

Ова го тврди Предраг Бјелиќ, професор од Економскиот факултет во Белград. 

„Нашите работници би можеле да одат на работа во БиХ или Македонија“ - додава тој. 

Формирање на ваква унија во Сараево предложи српскиот премиер, Александар Вучиќ така што ќе бидат вклучени 6 земји и пазар со 20 милиони потрошувачи. 

Царинската унија ќе го олесни и тргувањето со трети земји. 

Во 2015 година земјите од Западен Балан извезле производи вредни 25,6 милијарди долари. 

Слично

Поврзани вести