Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ако турист се зарази со коронавирусот во Грција?

Што ако турист се зарази со коронавирусот во Грција?

Доколку во хотел во Грција се појави заболен со Ковид-19, само тој и блиските одат во карантин, но не и целиот хотел, информираат властите. 

Хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави епидемиологот Никос Сипсас за грчката телевизија „Скај“, пренесе МИА од Атина.

Тврди дека ситуацијата ќе биде под контрола. 

„Ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира“,  вели Сипсас. 

Тој вели дека е очекувано да се појават увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни места. 

Според него, вториот бран ќе се случи наесен.

Вчера имаше колони на грчката граница. 

Грчката влада доцна синоќа донесе одлука да дозволи преминување на границата за српските граѓани меѓу Бугарија и Грција, со што заврши целодневната агонија на илјадниците српски туристи кои беа „заглавени“ на граница. 

Слично

Поврзани вести