Што ако Грција каже „OXI“ и на еврото?
По големото „не“ на референдумот од минатата недела, Грција е се поблиску до историското решение: дали да остане во еврозоната или не.
Да ги разгледаме можните сценарија. При излегување, Грците ќе можат да го користат еврото уште година, додека драхмата целосно го замени. Експертите велат дека барем во почетокот на овој процес ќе се доведе до инфлација и одлив на капиталот.
Еден од очекуваните негативни ефекти за Бугарската економија веќе е факт. Од јануари до април увозот од Грција е намален за 3.6 отсто. Прашањето за можното излегување на јужниот сосед од ервозоната изјавил економскиот министер на Бугарија.
„Ќе коментираме кога Грција ќе излезе од еврозоната. Она што сме се разбрале во „МСП“, е да не создаваме паника и да не цртаме различни сценарија. Ние си ги правиме анализите“, изјавил тој.
Д-р Јоакеим Каламарис предава економија на неколку странски и бугарски универзитети. Според него, ако Грција се раздели со еврото, тоа ќе влијае не само неа, туку и на целата еврозона: „За мене, како економист, излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде добро за самата држава, но не и за еврозоната, бидејќи ќе даде поттик и на други земји-членки да ја напуштат“.
Грција е категорична: ако еврозоната не им го олесни плаќањето на кредитите, земјата е подготвена да го национализира банкарскиот систем и да ја воведе драхмата.
„Во последниве години, ние гледаме само задолженост и невработеност, а не развој. Според мене до петок Ципрас ќе се трансформира во буквата „не“ од референдумот во политичко да“, смета д-р Каламарис.
Одговорите на овие тешки прашања ќе бидат јасни само за неколку дена. А инаку до крајот на годината Грција мора да им врати на кредиторите над 10 милијарди евра.
Уште на 13-ти овој месец 455 милиони евра треба да бидат вратени на ММФ. Само една недела подоцна 3 и пол милијарди евра треба да бидат вратени на ЕЦБ. Другото враќање на капитал од скоро 3 милијарди и 200 милиони евра е на 20 август.
