Штипската администрација работи по старо – од 7 до 15!
Штипскиот градоначалник Илчо Захариев донел одлука според која вработените во штипската општинска администрација ќе работат од 7 часот наутро до 15 часот попладне.
Претходно администрацијата во Штип работеше од 7:30 до 15:30 часот.
Од општината велат дека ваквиот режим ќе биде на сила се до евентуално нова одлука од градоначалникот.
Слично
