Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјани заинтересирани да го купат трговскиот ланец „Тедико“

Штипјани заинтересирани да го купат трговскиот ланец „Тедико“
Штипската компанија „Кит-Го“ шест месеци води интензивни преговори за купување на скопскиот трговски ланец „Тедико“, потврди сопственикот на ланецот маркети, Раде Трајковски. „Веќе шест месеци водиме интензивни преговори со компанијата „Кит-Го“ од Штип. На почетокот многу фирми беа пријавени на огласот за откупување на маркетите, а единствено „Кит-го“ ги даде најдобрите услови и најсоодветната понуда и затоа со нив преговараме. Преговорите се одолговлекоа поради мои здравствени прични, но се надевам дека ќе бидат завршани до крајот на овој месец. Сопственикот само ќе треба да го ребрендира името и да почне со работа“, вели Трајковски за Нетпрес. Според најновиот извештај на Управата за јавни приходи, маркетите „Тедико“ на државата и должат повеќе од 26 илјади евра неплатен данок. Во изминатиот период во јавноста се шпекулираше дека маркетите се пред затворање.
Слично

Поврзани вести