Штипјани не го даваат зеленилото
На денот на ослободувањето на Штип, осми ноември, граѓаните организираат јавен настан за спас на зеленилото во градот.
Мотото на настанот е „Во одбрана на паркот 8 ноември", кој во моментот е даден на оглас за продажба.
„Идејата за оваа иницијатива започнува со огласот за продажба на парцела од паркот во населбата „ 8 ноември“ , со тоа што таа се става на продажба. Овој парк е единствениот парк од рамен тип во Штип и е од важно значење за градот бидејќи таму има постојана циркулација на граѓани и деца од било кој дел на градот.
Граѓаните утре ќе се соберат со една заедничка цел - да се спаси паркот и да се поништи продажбата на парцелите.
Настанот е во организација на Плоштад Слобода од Скопје во партнерство со Иницијативата за одбрана на паркот 8 ноември од Штип и граѓанската инцијатива „Го сакам ГТЦ .
