Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјанец им се налутил на „Актива Аутомотиве“ и регистрирал компанија со исто име и дејност

Штипјанец им се налутил на „Актива Аутомотиве“ и регистрирал компанија со исто име и дејност

Штипјанец регистрирал компанија со име „Актива Аутомотиве“ во обид да го исползува брендот на една од најголемите компании во Македонија позната по изработка на челични конструкции.

„Актива“ во последните 20 години има инвестирано повеќе од 40 милиони евра и вработува 550 лица, а штипската компанија во 2015 стартуваше со брендот „Актива Аутомотиве“, која ги произведува шасиите за автобусите на Ван Хол во индустриската зона во Штип.

Поранешниот вработен во управата на компанијата, Владо Лазовски, во изминатите денови како сопственик регистрирал компанија со идентично име во штипски Стар Караорман, а дури и дејноста е идентична - производство на метални конструкции и делови на конструкции.

Од управата на „Актива“ велат дека не му должат ништо на својот поранешен вработен, но дека се сомневаат дека поради некои негови нерасчистени поранешни сметки би можел со ова име де направи злоупотреби во иднина.

- Во моментов не ни се познати мотивите на Лазовски, но го видовме неговиот акт на основање на компанијата и знаеме дека може да ни направи штета, па затоа веќе започнавме консултации со нашиот адвокатски тим, ни изјави Зоран Илиевски, менаџер за развој на „Актива“.

Илиевски ни објасни дека „Актива Аутомотиве“ не е регистрирана компанија, туку е бренд во рамки на „Актива“ регистриран единствено во Државниот завод за индустриска сопственост. 

„Актива“ инаку соработува со компании како Ист Гејт, Џојсон Сејфти Системс, Адиент, Кондево, Дура, Страбаг, Веро и други. Сопственик е штипскиот бизнисмен Илија Николов.

А.К.

Слично

Поврзани вести