Штип уште без вода, Вардар се излева во гевгелиско
Вардар пред излевање во гевгелиско, додека во штипско, каде неколку села се отсечени и неколку мостови оштетени состојбата е многу полоша поради новите врнежи од дожд, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во гевгелиско веќе се санираат штети од поплавите од помалите реки, додека Вардар е на максималното ниво и излева во објектите на брегот. Во Штип се уште важи забраната за пиење на водата од водоводниот систем. Во Карбинско два пешачки моста се во прекин, а три села се без вода поради оштетување на водоводниот систем. Најлошо е во селата Kучица, Kозјак и Радање. Екипи на Македонија пат работат на расчистување на повеќе патни правци, кои се во целосен или делумен прекин поради одроните и оштетените мостови. Нивото на Треска и на Црна Река, според хидрометеролозите се стабилизира, додека нивото на Пчиња е намалено за 80 см. Во прекин беше и железничкиот сообраќај зашто локалните реки во Демир Капија ја оштетија железничката пруга. Во Кавадарци врнежите ја заматија и водата од градскиот водовод, поради што лекарите препорачуваат да се преврива ако им се дава на мали деца. Причина за поплавите е топењето на снегот и обилните врнежи од дожд, а како Што објаснуваат надлежните почвата е презаситена со вода и дури и мали врнежи прават проблеми.
Слично
