Штип остана без вода за пиење
Штипјани останаа без вода пиење поради заматувањето на водата во бунарите по вчерашните врнежи. Општината Штип алармира жителите на Штип како и на селото Лакавица водата да ја користат само како техничка вода.
Јавното претпријатие „Исар” ќе обезбеди цистерни со вода за пиење и во Штип и во Лакавица.
„Општината Штип ја следи состојбата со водостојот на реките во штипскиот и лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичката и Балталиската река, како и со поединото излевање на Блегалница, а посебно со истекувањето на вода од браната Мантово”, велат од Општината.
Најголеми штети од поројните дождови и излевањата на реките има во лакавичкиот регион.
Во прекин е и патниот сообраќај до селата Љуботен, Балталија, Пухче, Степанци и Суво грло, а екипи веќе работат воспоставување на патниот сообраќај. Селата Лакавица и Лесковица се без струја.
Слично
