Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штип ќе инвестира во систем за рециклирање отпад

Штип ќе инвестира во систем за рециклирање отпад
Во наредните две години штипјани ќе добијат нови садови за примарна и секундарна селекција на отпадот по што градот ќе го преработува во специјална инфраструктурна опрема. Компанијата „Пакомак“ денеска потпиша двегодишен договор за соработка со општина Штип, за ефикасно организирање на одделното собирање на отпадот од пакување, кој се создава на подрачјето на оваа општина. Договорот предвидува соработка во делот на примарната селекција, во поставување на садови за селекција на отпадот, но и во секундарна селекција на тој отпад на соодветна постројка, во дополнително обработување на отпадот од пакување со цел да се додаде крајна вредност на истиот. „Нашите заложби за чист и зелен град се остваруваат токму благодарение на вакви проекти кои предвидуваат селекција на отпад и подобрување на условите за складирање на отпадот. Јас сум сигурен дека со ова, веќе од идната 2015 година се отвората нови можности за Штип, во поглед на собирањето на отпадот. Ако во западните центри, постои систем за собирање на различен вид на отпад, не гледам причина зошто тој систем да не функционира и во Штип, и тоа ние го имаме веќе некој период, но сега одиме чекор понатаму во поглед на преработување на тој отпад. Тоа е многу важна работа доколку сакаме навистина чист град и заштита на животната средина“, изјави градоначалникот Захариев.  
Слично

Поврзани вести