Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штип издвои над 5 милиони денари за локалните избори

Штип издвои над 5 милиони денари за локалните избори

Општина Штип од буџетот за 2013 година издвои  4.7 милиони  денари за локалните избори во март, соопштија од општината.

Оттаму појаснуваат дека согласно законската регулатива, овие пари ќе се користат за потребите на Оштинската изборна комисија (ОИК).

Од буџетот на Општина Штип издвоени се и 600 илјади денари за политичките партии, кои што ќе бидат распределени по изборите во зависност од освоените гласови.

Инаку вчера државната изборна комисија го усвои финансискиот план за локалните избори со кој државата ќе обезбеди околу 2,3 милиони евра за локалните избори,  а бидејќи се работи за локални избори останатиот дел од трошоците за спроведување на изборниот процес ќе паднат на грбот на општините.
Слично

Поврзани вести