Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штетата во Србија од поплавите поголема од 174 милиони евра!

Штетата во Србија од поплавите поголема од 174 милиони евра!

Министерката без ресор задолжена за европските интеграции Јадранка Јоксимовиќ денеска порача дека Србиија во наредните денови мора да даде проценка за штетата од поплавите како би повлекла пари од Европските фондови на ЕУ, додавајќи дека штетата засега е поголема од 174 милиони евра, пишуваат српски медиуми.

-Во рок од десет недели од елементарната катастрофа мораме да аплицираме и докажеме дека нашата штета е поголема од 174 милиони евра или повеќе од 0,6 одсто од БДП. Поради тос ќе ги искористиме постоечките механизми да ангажираме експерти кои ќе бидат платени низ веќе постоечките фондови и проекти - изјави Јоксимовиќ.

Затоа таа и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ утре патуваат за Брисел, како велат, да ги разработат механизмите за добивање на пари кои се неопходни за санација на последиците од поплавите.

 Санирањето на последиците, како што истакнува министерката, ќе биде голема задача, наведувајќи дека парите добиени од ЕУ ќе одат во обновување на инфраструктурата.

Слично

Поврзани вести