Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штериев и берзата бришат коментари кои не им одговараат

Штериев и берзата бришат коментари кои не им одговараат

Македонска берза на својот официјален фејсбук профил ги брише коментарите кои не им се допаѓаат или не одговараат на нивната „вистина“.

Од вчера откако Македонска берза на нивната официјална страница објави соопштение со кое тенденциозно се нарушува угледот на Фактор и истото го сподели и на социјалните мрежи, администраторите на мрежата или лично вработените, подоцна на споделените објави ги бришеа коментарите кои не им одеа во прилог. 

Истото се случи и денеска кога на објавата беше постиран денешниот текст на Фактор. 


Не поминаа ни десет минути, текстот од коментарот беше избришан. 


Институцијата и нејзиниот прв човек Иван Штериев кои секако многу добро треба да знаат што е транспарентност, оти за тоа зборуваат со години, изгледа таа и не им е баш добра страна. Бришењето коментари е обид на институцијата која го организира пазарот на капитал, да ги замолчи различните мислења.

 

Слично

Поврзани вести