Штефан Филе во Македонија
Политичката криза во земјава го натера Филе ненајавено да дојде на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека на средбите биле разгледани подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.
- Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници. Комесарот Филе ќе се врати во Скопје во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, се наведува во кусото соопштение од Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Слично
