Штефан Филе со ости тонови кон челниците во Босна и Херцеговина
Ако политичките лидери на Босна и Херцеговина не успеат да постигнат договор за најважните прашања во земјата, тогаш Советот на Европа ќе усвои остра декларација за БиХ. Вака денеска за време на состанокот со Брисел име се закани еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Заканите за острата декларација, Филе ги изнесе во воведниот говор во Бриел и истакна дека може да се исполнат на утрешното заседание на Советот на Европа. Филе исто така најави можно укинување на ИПА фондовите, дури и на оние одобрени за оваа година во висина од 17 милиони евра, како и серија други санкции, ако властите и лидерите на политичките партии не понудат решение за спроведување на пресудата „Сејдиќ-Финци“, не утврдат механизам за координација со ЕУ и ако не усвојат протокол за ИПА фондовите за периодот 2014-2020 година.
Слично
