Штефан Филе од утре во Сараево
По неколкудневните социјални немири еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре ќе пристигне во дводневна официјална посета на Сараево, а високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се очекува во босанската престолнина на крајот на идната седмица, соопшти Делегацијата на ЕУ во БиХ.
Филе е првиот европски претставник кој пристигнува во Сараево, по неколкудневните социјални немири во земјата.
Тој изјави дека со голема загриженост ги следни најновите настани во земјата и истакна дека не е време за конфротација меѓу политичките лидери во БиХ.
Филе тоа ќе им го пренесе на босанските лидери, како и дека ЕУ го слушнала гласот на народот во босанските градови.
- Сега е моментот секој да го преземе својот дел од одговорноста, рече тој и истакна дека подобриот живот на луѓето и доброто функционирање на државата е заедничка цел.
