Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТЕДЕТЕ: Овие грешки со парите никако НЕ смеете да ги правите во 2016-та

ШТЕДЕТЕ: Овие грешки со парите никако НЕ смеете да ги правите во 2016-та

Во пресрет со Новата година ви даваме неколку совети како оваа година да го исполните ветувањето дека ќе штедете повеќе. Ова се грешките кои би требало да ги избегнувате за да имате повеќе пари.

Не трошете повеќе отколку што заработувате

Иако тоа го знаете и мислите дека тука нема некоја голема мудрост, сепак многумина го работат навистина ова – трошат повеќе отколку што заработуваат. Избегнете го тоа и останете во своите месечни рамки, за да не западнете во магичниот круг од кој тешко ќе се извлечете

Не купувајте ситници што не ви требаат

Ако имате потреба да купувате работи кои навистина не ви требаат, наскоро ќе се најдете во ситуација да морате да ги продавате работите кои ви се вишок. Купувајте само она што навистина ви треба, а не за да ги импресионирате другите

Не трошете пари без план

Планирањето е мнгу важна ставка за постигнување на своите финансиски цели. Не заборавајте на вложувањата, дури и ако вашите приходи не се вообичаено високи.

Не ги ставајте “сите јајца во иста кошница“

Кога се работи за вложувањата, тука треба да се поделат улогите. Бидете свесни за финансиските нијанси на вложувањата и немојте слепо да ги следите предлозите.

Не брзајте

Погледнете пред да скокнете. Запознајте се со сè пред да вложувате, но и пред да тргнете да трошите, правете го тоа разумно. Немојте само да ги следите трендовите.

Слично

Поврзани вести