Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штедењето дава резултати – Грција со вишок пари во буџетот

Штедењето дава резултати – Грција со вишок пари во буџетот
Првпат по една деценија Грција ја заврши 2013 година со суфицит во буџетот и тоа во висина од 1,5 милијарди евра. Ова е 3 пати повеќе од првичните очекувања и повеќе од барањата на доверителите за дополнителна помош околу долгот, објави грчкиот премиер Андонис Самарас. Пред еден месец грчкиот премиер го оцени вишокот во буџетот на околу 500 милиони евра. Но, натфрлените проекции, според аналитичарите тоа, ќе и дадат предност на Атина при преговорите со меѓународните кредитори. Според нивните барања, Грција за минатата година требаше да оствари суфицит од 812 милиони евра, што е еднакво на 0,4% од БДП на земјата.  
Слично

Поврзани вести