Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штедењето во Грција само ја прикрива класната војна против сиромашните

Штедењето во Грција само ја прикрива класната војна против сиромашните

Професорот по економија и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис смета дека мерките за штедење во Грција се само приказна.

,,Штедењето и намалувањето на буџетскиот дефицит се користат како приказна за да се прикрие класната војна што се води против сиромашните "- вели Веруфакис.

Тој бележи намалување на даноците на богатите и намалување на трошоците за социјално осигурување, што според него тоа е прераспределба на богатството од сиромашните кон богатите.

,,Кога ги намалуваат даноците за богатите, данокот за наследство , а во исто време ги намалуваати бенефициите за сиромашните - тоа е класна војна. " - вели поранешниот министер.

Варуфакис водеше преговори меѓу левичарската СИРИЗА, влада на Грција и тројката на меѓународни кредитори, обидувајќи се да најде начин како да се избегнат мерките за штедење. Но, грчката влада се посвети на штедењето, по што Варуфакис се повлече од функција.

Слично

Поврзани вести