ШТЕДЕЊЕ: Денарот посилен од еврото!
Најновите септемвриски податоци покажуваат дека вкупниот депозитен потенцијал во деветтиот месец во споредба со август е во пораст. Имено, во септември салдото на депозитната база изнесувало 4,7 милијарди евра, со раст од 5,4 милиони евра на месечно ниво.
Но има тренд на намалување на депозитите на фирмите. Така, само за еден месец, од август до септември, штедењето на компаниите се намалило за скоро 50 милиони евра.
Депозити на компании:
Септември 2015 1 029 756 097 евра
Август 2015 1 078 113 821 евра
Пад на штедењето на компаниите, Народната банка регистрираше и во однос на јануари, пришто намалувањето изнесува речиси 30 милиони евра.
За разлика од депозитите на фирмите, штедењето на граѓаните е во пораст.
Депозитите на секторот “население“ во деветтиот месец имале салдо од 3,3 милијарди евра со пораст од 24 милиони евра на месечно ниво. Во споредба со состојбата во јануари, депозитната база на домаќинствата е заголемена за скоро 47 милиони евра.
“Остварувањата кај вкупните депозити заклучно со септември се послаби од проектираните, при што на годишна основа се повисоки за 5,7 проценти што е значително послаб раст од проектираниот. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во септември изнесувала 8,9 проценти и е малку пониска во однос на проекцијата. Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци заклучно со септември покажуваат минимално зголемување, при раст на депозитите на населението“, соопштија од Народната банка.
Од аспект на валутната структура, во септември е регистриран раст и на денарското и на девизното штедење, но и натаму во структурата со 59% учествуваат депозитите во домашна валута, односно денарот е посилен од еврото.
Инаку, денеска е светскиот ден на штедењето. На денешен ден, во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија, концептот на штедење го одобрија 29 земји, кои ја согледаа потребата од подигнување на свеста кај светската јавност за важноста на штедењето за економијата и поединците.
Р.Ф.
Слично
