Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штедaчите од ТАТ ќе добијат по 1% од нивните заштеди

Штедaчите од ТАТ ќе добијат по 1% од нивните заштеди
Околу 6.000 штедачи на пропаднатата штедилница ТАТ ќе добијат по 1% од нивните признаени заштеди. Обештетувањето доаѓа по продажбата на златото и накитот на сопственичката на штедилницата Соња Николовска и со средствата од продажбата на хипотеките. Златото и накитот на Николовска беа продадени за нешто повеќе од 150.000 евра, а стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски и стечајниот судски совет  донесоа одлука да им  исплатат на штедачите по 1 отсто од штедните влогови. За минималното обештетување на 6.000 штедачи ќе бидат издвоени 15 милиони денари. Штедилницата ТАТ пропадна пред 17 години, а голем број од измамените штедачи се уште не можат да си ги повратат своите влогови.
Слично

Поврзани вести