Штајнмаер: Кризата го прави патот на Македонија кон ЕУ многу тежок
Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер со коментар за кризата и нестабилноста во Македонија.
Предупредува дека нестабилноста го прави патот на Македонија кон ЕУ и НАТО многу тежок.
Тој во пораката што ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил искажува надеж дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/GermanyDiplo/status/725722537422913538[/embed]Оваа реакција не е единствена во време кога земјава се соoчува со најтешката криза а улиците секојдневно се преполавени од протестанти против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на владини функционери и на нивни блиски соработници.
Слично
