Шпионска афера ја тресе Србија, Вучиќ ќе донесе тешка одлука
Шпионската афера во Србија го принуди претседателот Александар Вучиќ да закаже седница на Советот за национална безбедност.
Премиерката Ана Брнабиќ, претходно денес за српските медиуми изјави дека Војнобезбедносната агенција (ВБА) работи со можната шпионска афера.
Седницата е закажана поради објавувањето на снимката на која може да се забележи како руски дипломат и припадник на воената разузнавачка служба Георгиј Клебан дава пари на висок српски службеник.
Денес, и Безбедносно-информативната агенција ја потврди автентичноста на снимката на која рускиот разузнавач Георгиј Клебан дава пари на еден српски офицер.
Слично
