Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШПИОНСКА АФЕРА ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: За што се обвинуваат Словенија и Хрватска овој пат ?

ШПИОНСКА АФЕРА ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: За што се обвинуваат Словенија и Хрватска овој пат ?

Владата на Хрватска ги отфрли наводите за обид за влијание на словенечките медиуми, а хрватската разузнавачка служба обвинувањата за прислушкување на словенечки претставници.

-Најодлучно и целосно ги отфрламе сите наводи за обид на било какво влијание на хрватската Влада на словенечките медиуми-навела владата во одговор на хрватските медиуми за тврдењата на словенечки медиуми дека посредник на хрватската Влада, Иван Тољ се обидел да ги спречи словенечките медиуми да објават репортажа за наводно делување на хрватските разузнавачки служби во таа земја.

На обвинувањата од Словенија реагирала и Сигурносната разузнавачка агенција, која во одговор за медиумите оценила дека се работи за „неточни и тенденциозни конструкции“.

Премиерот на Словенија повикал итна седница на Советот за национална безбедност поради наводно делување на хрватските разузнавачки служби.

Како што беше најавено, хрватскиот амбасадор во Љубљана ќе биде повикан во МНР, а словенечката амбасадорка во Загреб ќе биде повикана на консултации во Љубљана.

Слично

Поврзани вести