Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шпион“ влегува во судница

„Шпион“ влегува во судница
Разузнавачи, контраразузнавачи, воени разузнавачи, поранешни и актуелни вработени во Армијата, во Државниот архив, па дури и шефот на Кабинетот на претседателот на Собранието ќе седнат на обвинителна клупа денеска. Во Основниот суд Скопје 1 почнува судењето против обвинетите за аферата „Шпион“, прв случај за шпионажа кој ќе се води во Македонија. С Обвинетите, вкупно 19, се сомничат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни. Судскиот процес „Шпион“  ќе почне без новинарот Зоран Божиновски, кој исто така е обвинет, но се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија и се уште не е испорачан во Македонија. Поранешниот разузнавач Марјан Ефремов е првообвинет во случајот. Според тврдењата на МВР, Ефремов во 2009 година добил отказ од Агенцијата за разузнавање, а потоа ја формирал шпионската структура. Судот ги предупреди новинарите да внимаваат како известуваат во врска со овој процес, со оглед на тоа што во текот на истрагата и за време на судскиот процес  дел од доказниот материјал потпаѓа под класифицирани информации. Денешното судење се одвива со зголемени безбедносни мерки во и околу судот.
Слично

Поврзани вести