ШПИГЕЛ ЗА ЕДНА БАЛКАНСКА ПРЕСТОЛНИНА: Tоа е најздодевниот град во Европа
Германскиот весник Шпигел објави репортажа за градот Загреб кој го опишува како најздодевен во Европа, и се вели дека добра работа е што има автопат за до морето.
Новинарката Ане Хеминг им дава предлози на Германците како да ја „преживеат загребската тага“.
Иако Lonli planet го прогласија Загреб за дестинација број 1 за 2017 година, сепак новинарката пишува дека пешачката зона во градот потсетува на германска провинција.
Таа пишува дека кафулињата во градот се премногу слични.
Во репортажата се препорачува Загреб да се истражи со возење во трамвај, а не со велосипед затоа што со велосипед мора многу да се внимава и да се вози бавно.
Кога влегла во музеј новинарката не видела други посетители и пишува дека во овој град уметноста е луксуз.
