Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпаркасе Лизинг: Одложување на ратите од шест месеци и без камати

Шпаркасе Лизинг: Одложување на ратите од шест месеци и без камати

Шпаркасе Лизинг со понуда за олеснување на отплата на обврски по основ на финансиски лизинг за физички и правни лица.

Кога станува збор за физички лица кои се клиенти на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје, понудата е за сите кои имаат договори за финансиски лизинг.

Опциите кои ги нудат се одложување на рокот на плаќање на месечниот ануитет и тоа за дополнителен период од шест месеци иако со Уредбата беше предвидено да се олеснуваат условите во рок од три месеци. 

„Шпаркасе Лизинг Доо Скопје Ви одобрува одложување на рокот за плаќање на месечниот ануитет (главница и камата) кој доспева на 01.04.2020 година за дополнителен период од 6 (шест) месеци. Согласно ова, сите понатамошни ануитети до истек на периодот на отплата ќе бидат со одложен рок на плаќање. Пример - доспеаниот ануитет на 01.04.2020 година, наместо да се плати најдоцна до 10.04.2020 година согласно одредбите во Општите услови, ќе се плаќа со одложен рок од 6 месеци. Одложувањето на плаќање за 6 месеци ќе важи и за сите понатамошни ануитети до истек на периодот на отплата, велат од Шпаркасе Лизинг.

Важно е што за време на одложеното плаќање од 6 месеци на месечните ануитети нема да се пресметува камата или какви било други надоместоци, трошоци или провизии.

„За време на периодот на одложено плаќање имате право самостојно да вршите уплати по договорот за финансиски лизинг при што сите уплати по договорите за финансиски лизинг извршени во тек на периодот на одложено плаќање за договорите кои немаат доспеани обврски, ќе се евидентираат како примени аванси и ќе служат за подмирување на обврските во периодот до достасување на договорот. А за оние кои имаат доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за финансиски лизинг и Општите услови, додаваат од Шпараксе Лизинг. 

Важно е што со оглед дека рокот на доспевање на обврските по договорите за финансиски лизинг нема да се промени, туку ќе се изврши продолжување на рокот на плаќање, нема да се изготвуваат нови амортизациони планови. Износот на месечниот ануитетот нема да се менува и ќе остане согласно предвидениот во Договорот за финансиски лизинг.

Понудата за правни лица пак е наменетa за корпоративните клиенти кои се погодени од Ковид-19 кризата, а оттаму соопштуваат дека при креирањето на предложените мерки и решенија за поддршка на компаниите се земаат во предвид сите аспекти со цел да им се овозможи на клиентите полесно справување со кредитните долгови и понатамошно одржување на нивните бизнис модели. Разгледувањето е поединечно, по барање на Клиентите.

„Ги упатуваме сите клиенти во рок не подолг од 10 календарски денови, а заклучно со 19.04.2020 година, да не известат за потребите за менување на постојните договорни услови, со цел да започне процесот за утврдување на потребата од олеснување на условите и преземање на мерки за обезбедување на нивна редовна отплата, стои во известувањето. 

Повеќе детали овде

Слично

Поврзани вести