Шпаркасе Банка Македонија ја прошири деловната мрежа
Шпаркасе Банка Македонија денеска ја отвори втората експозитура во населбата Аеродром. Таа е веќе 27-ма експозитура на банката во земјава.
„Најголемиот приоритет на Шпаркасе Банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец. Потребата да се отвори уште една експозитура во населба Аеродром е само показател дека како банка успеваме да ја реализираме целта за што повеќе задоволни корисници, кои се дел од семејството на Шпаркасе“ – изјави директорката за управување со физички лица на Шпаркасе Банка, г-ѓа Викторија Јовановска.
На отворањето што започна со официјално обраќање на претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, беа присутни и многубројни гости и клиенти на Банката од општината Аеродром, по што следуваше и забавен дел за најмладите во друштво на популарните Медо Штедо и неговата другарка Медена. Програмата продолжува во 18 часот, со забава за повозрасните, кои ќе имаат можност да уживаат во настапот на музички бенд што ќе се погрижи за создавање топла празнична атмосфера за жителите на општината Аеродром.
