Шпанците се радуваат на евтините еврa и нафта
Шпанската економија во 2015 година би можела да оствари раст од дури 2,5 отсто ако цената на нафтата и вредноста на еврото останат на нисно ниво.
„Свесни сме дека актулената прогноза за економски раст од 2 отсто е под пазарните очекувања, но оваа проекција е подготвена пред наодамнешниот пад на цената на нафтата и намалувањето на вредноста на еврото во однос на доларот, што би можело да го потикне шпанскиот извоз“, вели шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос во изјава што ја пренесува Франц прес.
„Ако цената на нафтата и вредноста на еврото останат на актуелното ниво, ќе имаме додатен раст од 0,5 проценти“, вели министерот.
Лани, средината на декември еврото вредеше 1,25 долари, а денеска 1,12 долари, додека ценаите на нафтата од јуни минатата година се намалија за 60 отсто.
Слично
