Шпански скали ќе никнат на плоштад, Жерновски и власта во клинч!
Ќе се градат шпански скали на среде плоштад. Реаакции стигнувбаат од сите страни.
Последната слободна парцела на плоштадот е ставена на продажба. Министерството за транспорт и врски го објави огласот во кој освен посебните тендерски услови, новиот газда мора да стави фасадата по претходно направено идејно решение. Во јавноста веќе излегоа сликите за решението кое многу потсетува на шпанските скали во Рим изградени во 1725 година.
Според решението има две варијанти за објектот. Во првата ќе се гради приземје со три ката, во втората се планира уште повисок објект за кој сепак ќе треба да се измени деталниот урбанистички план, коентираат експертите.
Според огласот почетната цена ќе биде 6 000 денари за метар квадратен, а заинтересираните ќе учествуваат на електронското јавно наддавање со претходно доставена банкарска гаранција од 200 илјади евра и годишен обрт на капитал од 30 милиони евра по компанија.
Жерновски: Инвеститорот добро нека размисли!
Од општината Центар беа изненадени од потегот на министерството и од огласот за продажба на градежната парцела.
„Сакам да упатам јасна порака до инвеститорот добро да размисли бидејќи, веќе следната недела следува ревизија на Деталниот урбанистички план. Одобренија за градба нема да се издаваат се до конечната ревизија на ДУП-от, за кој, општината цени дека дека не е во согласност со Генералниот урбанистички план и намената на оваа површина е спорна“, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој исјави дека е во тек е постапка за вршање на уредувањето на градежното замјиште во надлежност на локалната самоуправа. Затоа Жерновски смета дека сега се брза со продажба на парцелата токму поради ревизијата во Центар.
Реакција на ВМРО ДПМНЕ и Министерството за транспорт и врски
Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека обвинувањата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски се обид да ја прикрие својата неспособност и фактот што ништо не сработил од стапување на функцијата. Целата постапка за продажба на земјиштето е отворена, јавна и транспарентна и е во согласност со законите и на неа може да учествуваат сите заинтересирани субјекти, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Реакција стигна и од Министерството за транспорт и врски од каде што реагираат на како што велат, невистините и дезинформациите пласирани на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски со кои на театрален и манипулативен начин се обидува да ги дискредитира активностите кои се преземаат во доменот на управување со градежното земјиште и реализацијата на проекти во општина Центар.
„Министерството за транспорт и врски сака да појасни дека, почетната цена за отуѓувања на градежно земјиште со цел реализирање на конкретни инвестиции е уредена согласно Уредба за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија донесена од страна на Владата на Република Македонија“, стои во реакцијата.
