Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанската принцеза обвинета за даночни измами

Шпанската принцеза обвинета за даночни измами
Сестрата на шпанскиот крал Фелипе Четврти, Кристина де Борбон, добила судска наредба со која е повикана да се појави на суд под обвинение дека извршила даночна измама, соопшти денеска Врховниот суд на Балеарските острови. Принцезата и нејзиниот сопруг веднаш ги отфрлиле ваквите обвинувања. Соопштението доаѓа паралелно со непријатната афера за шпанското кралско семејство, кое се одлучило да се дистанцира од истрагата за корупција. Обвинението е подигнато во рамки на истрагата за работењето на сопругот на Кристина, кој е поранешен олимписки ракометар Инакиј Унгангарин. Тој е обвинет за проневера на пари од јавните фондови преку својата непрофитна фондација. Ова ќе биде прв пат во Шпанија член од кралското семејство да се најде во обвинителна клупа.
Слично

Поврзани вести